Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените покажува дека околу 9 % од децата на возраст од 2 до 17 години имаат функционални тешкотии во најмалку еден домен, според одговорите на нивните мајки/старатели.
По домени на тешкотии 9 % од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека 2 % страдаат од тага или депресија.
Според истражувањето, поголем дел од децата во најсиромашните домаќинства доживуваат функционални тешкотии во кој било од домените, во споредба со нивните врсници во најбогатите домаќинства – 13 % 4 %.
Глобалната програма МИКС е развиена од страна на УНИЦЕФ во 90-тите години како меѓународна повеќенаменска програма за анкетирање на домаќинствата за поддршка на земјите во прибирањето на меѓународно споредливи податоци за широк спектар на индикатори за состојбата на децата и жените.