Приведени прилепчанец и битолчанец за недозволена трговија со дрога


На 09.12.2021 на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода С.О.(48) од Битола и Ш.А.(35) од Прилеп.

При претрес во домот и други простории на С.О., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја. Додека, при преглед на Ш.А. биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи