Поради силниот дожд дел од селото Заполжани цел ден е под вода. Жителите велат дека водата започнала да навлегува и во дел од дворовите. Се плашат дека ако продолжи да врне со овој интензитет дека водата може да започне да влегува по куќите и шталите. Причината за ова ја гледаат во неисчистени канали во и околу селото.
Дел од жителите на селото за Инфо Компас изјавија дека го барале телефонски градоначалникот на Општина Долнени, но не можеле да го добијат. Проблемот го пријавиле и во полициската станица од каде им рекле дека ќе пренесат во Општината, но досега нема никаква реакција.
Бараат Општината утре итно да реагира за оваа состојба.