Ангелов: Граѓаните да ја следат временската прогноза и да не одат на повисоки места ако се најавени врнежи од снег

Facebook
Twitter
Email
Print


По обилните снежни врнежи во делови низ Македонија за време на изминатиот викенд, дефектите со електричната енергија, како и поплавите, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните да ја следат временската прогноза и да избегнуваат да одат на повисоките места доколку се најавени обилни врнежи на снег.

„Што се однесува до чистењето на снегот, нашите капацитети како држава се ограничени, но после 25 години, пред неколку дена првпат се набавени 15 возила со снежен плуг и солар, со што е подновен возниот парк  на ЈП за одржување на магистралните и регионални патишта.  Исто така се набавени и три машини таканаречени утоварувачи коишто се користат при чистење на снег. Дел од возилата на ЈП за одржување на патиштата се застарени, некои се расипуваат на лице место, доаѓа до дефекти и тие застануваат чистејќи го снегот, потоа таму треба да биде испратена екипа која ќе ги поправи тие возила“, наведе Ангелов.

Тој додаде дека, од друга страна, граѓаните мора да бидат свесни дека ниту една дружава, па дури ни најмоќните држави на светот, не можат одеднаш да ги исчистат сите патишта, особено кога снегот постојано паѓа.

„Затоа и самите граѓани во овој зимски период треба да ја следат временската прогноза и доколку се очекуваат силни врнежи на снег да се избегнуваат повисоките места, кадешто снегот секогаш прави проблеми. Доколку било кој граѓанин на државата се најде во животнозагрозувачка состојба, од било кои причини слободно може да го побара бројот 195.Ние во согласност со нашите можности ќе преземеме мерки“, нагласи директорот на ЦУК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи