Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,02%.
Со ова зголемување бензините ќе бидат поскапи за два денари, а дизелот за 1,5 денари.
Од вечер на полноќ, според одлуката на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 73 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 75 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 64,5 денари за литар.
Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) исто така поскапува за 2 денари и сега ќе чини 64,50 денари за литар), а Мазутот М-1 НС ќе биде 40,053 денари/килограм.