Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање денеска во Пробиштип изјави дека не сака да шпекулира дали ќе остане на својата позиција во новата Влада.
„Ова не е прашање за мене, туку за мандатарот, кој ќе одлучува за тоа. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да одработам. Мандатарот ќе одлучи за тоа кои ќе му бидат кандидати за челните позиции“, рече Спасовски.