Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет – Прилеп во соработка со Здружение Епилепсија Македонија организира хуманитарна акција за собирање на храна и средства за лична хигиена.
„Почитувани сограѓани, пред нас се Новогодишните празници и секој од нас заслужува да ги дочека со своите најблиски, во топол амбиент и скромна трпеза со храна.
Во периодот од 15-22 Декември секој од нас во зависност од можностите може да донира во маркетите коишто се наведени во овој пост, односно во поставените кошнички во маркетите кои ќе бидат обележани со нашите постери.
Сите кои што сакаат да помогнат на било кој начин може да не контактираат во Inbox или на емаил адресата: fss.efp@gmail.com
Сите собрани производи ќе бидат соодветно распределени и поделени на оние семејства на кои навистина им е најпотребно.
За таа цел го замолуваме секој од Вас којшто е во можност да ја поддржи оваа хуманитарна акција и заедно да направиме незаборавни среќни моменти.
МАРКЕТИ КОИ ЈА ПОДДРЖАА ОВАА АКЦИЈА:
БОНИТА НИНЕ, ЏИМИ МАРКЕТ, ШОПЕ МАРКЕТИ, СИМАРА ТРЕЈД, ПАТА МАРКЕТ, ФУТУРА, СТИБЕРА, ТОБАКО ДИСКОНТ, МОЕ ПАЗАРЧЕ, ГОНИТО МАРКЕТИ, КОШНИЦА, МЕШЕ МАРКЕТ
Огромна благодарност и до АЛКАЛОИД АД за донацијата на пакети со нивни производи“, стои во соопштението од Факултетското Студентско Собрание на Економски факултет.