Владата ги замрзна цените на оризот, јајцата и тестенините

Facebook
Twitter
Email
Print


Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи чии цени ќе останат „замрзнати“, информираше министерот за економија Крешник Бектеши преку својот Фејсбук профил.

„Листата се проширува на три нови основни прехранбени производи: Ориз, јајца и тестенини. Оваа одлука е со цел да се спречи натамошното пореметување на пазарот во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи“, се вели во одлуката на Владата.

Со оваа оваа одлука исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Oдлуката за замрзнување на производите ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи