Владата денеска ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД–19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот Фајзер (Pfizer), во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во Република Македонија на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.
Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечје на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година.
Набавката на оваа количина вакцини против ковид-19 за 2022 година е заради заштита на јавното здравје и за рестартирање на економијата како јавен интерес.