Најбогатиот човек на годината, кој воедно е и шеф на Tesla и на SpaceX, е прогласен за личност на годината од страна на американското списание TIME. Маск таа титула ја наследи од американскиот претседател Џо Бајден и американската потпретседателка Камала Харис.
Неговата компанија за електрични автомобили стана највредниот производител на автомобили во светот, а неговата SpaceX, ракетна компанија оваа година, се искачи на работ на вселената со полн екипаж. Пазарната вредност на Tesla оваа година порасна на повеќе од трилион долари.
Ова е човекот кој сака да ја спаси нашата планета и да ни најде нова на којашто ќе можеме да се преселиме.
Во описот кој го објави магазинот, Маск е наречен со неколку интересни имиња:визионер, гениј, индустријалист, шоумен, кловн, човек без мера, луд хибрид меѓу Томас Едисон, П.Т.Барнум, Ендрју Карнеги и д-р Менхетен од Вочмен, човек-бог со сина кожа кој ги создал електричните автомобили и се сели на Марс.
126