Новиот бугарски премиер Кирил Петков сигнализира дека Софија е подготвена да стави крај на блокадата на европскиот пат на Северна Македонија. Вели дека ќе предложи куса, шестмесечна рамка за надминување на спорот
„Ќе и предложиме нов процес на Македонија, многу брз, со лимитирана временска рамка, долга само шест месеци“, најавува Кирил Петков во интервју за Фајненшл Тајмс.
Како и претходните влади, и Петков воедно најави дека ќе бара измени во македонските историски учебници, особено во делот за Втората светска војна.
„На пример, во македонските учебници Бугарија не треба да биде нарекувана фашистичка“, вели Петков.