Промоција на книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од Зоран Пејковски


Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше промовирана книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски. Зоран Пејковски е автор на над 20 драмски дела, на над 20 поетски книги, еден роман, 3 публицистички книги,  4 научно истражувачки книжевни дела од областа на театрологијата и на над 20 трудови  од областа на научната мисла, на литературни критики и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.

Книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски редовен академик на Руската федерација, драматург, публицист, писател, зборува за творештвото на Конески од агол кој не е често користен, издание кое е значајно и според предметот на истражувања и според резултатите кои ги нуди, вели  д-р Мишел Павловски.

Пејковски е добитник на повеќе домашни и странски награди,  а во 2018 година се стекнува со титулата  Европски писател на поезијата и уметноста што ја доделува  Номинациската комора за награди од Брисел при ЕУ.

На промоцијата на ова книжевно издание посветено на творештвото на Конески, кое е само неколку дена пред одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески покрај другите гости присуствуваа и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Совет, Дејан Проданоски и претставници од Фондацијата „Небрегово“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи