Марина Гулевска пред 12 години имала кpваpeње во мозокот по што целата нејзина лева страна од телото и ocтанала пapaлизиpaна. Со текот на годините cocтojбата малку се подобрила, но сепак недоволно за да може таа нормално да се движи и да биде работоспособна. Марина е самохрана мајка која има потреба од сите нас.
„Одново ве молам да ги отворите вашите срца и да донирате кој колку може за мојата следна рехабилитација, која треба да се направи во соседна Србија. Потребни се 9900 евра, а јас како самохрана мајка на две малолетни деца не можам сама да ги обезбедам тие пари. Се надевам дека мојата тешка ситуација ќе допре до секој еден од вас и ќе ми се исполни сонот да отидам на рехабилитација во Ниш, Србија. Господ нека ве благослови и ви се заблагодарувам за тоа што бевте моја поддршка во овие тешки времиња за мене и моето семејство. Можеби не можам да ви дадам нешто за возврат за вашата хуманост и донации, но ви посакувам здравје, среќа и долг живот од дното на моето срце”, пишува Марина.
Можете да донирате на следните телефонски броеви:
143-479 за корисниците на А1
143-107 за корисниците на Телеком
или на жиро сметка: 210700000661579 во Тутунска Банка