Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.12/2021 за долгови доспеани до 31.08.2021 и неплатени до 30.11.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
На Листата на должници бр.12/2021 објавени се 1.767 должници – правни лица (помалку за 38 од претходната листа) и 3.022 физички лица (помалку за 66 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2021 изнесува 8.763.401.816 денари, помалку за 177.980.272 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.744.503.318 денари (повеќе за 29.623.004 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 70.965.115 денари (помалку за 207.603.276 денари од претходната листа).
Листата со должници можете да ја погледнете ОВДЕ.