ВИДЕО – Хуманитарна акција на „Вешта жена“ во ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп


„Со љубов различни, а еднакви“ беше мотото под кое денеска огранокот на здружението на жени „Вешта жена“ од Прилеп ја одржа хуманитарната манифестација во Центарот за поддршка на учењето во ООУ „Св. Климент Охридски“, кој го посетуваат 23 деца со попреченост. Прилепските домаќинки сакале да ги израдуваат најмладите по повод новогодишните празници и им подготвија традиционални македонски специјалитети. Инаку овој настан „Вешта жена“ го прави секоја година традиционално во ООУ „Св. Климент Охридски“ по повод новогодишните празници.

Овој проект е од главната вешта жена која е со седиште во Тетово. Моментално вакви активности денеска се одржуваат во Прилеп, Куманово и Македонска Каменица. Така што секој град си има одредено кој денови ќе има ваков настан. Некои одат во посета на клубови за глуви и слепи, некои одат во други организации, важно кај некого одиме и му ја честитаме Новата Година“, вели Менче Костоска, претседател на огранокот на „Вешта жена“ за Прилеп.

Мисијата и целта на здружението „Вешта жена“ била дружење помеѓу жените од различни националности од цела Македонија, размена на искуства, но пред се организација на хуманитарни активности за тие на кои помошта им е најпотребна.

 Обавезно имаме хуманитарни програми, одржуваме „Етно вешта жена“, „Вешто дете“, многу организации и сите тие одат во хуманитарни цели. Секој град има 4 до 5 пати вакви настани во текот на годината“, додаде Костоска.

Манифестацијата ја посети и градоначалникот на Прилеп кој изрази надеж дека ваквите манифестации идната година ќе бидат побројни.

„Локалната самоуправа му се заблагодарува на мултиетничкото и мултикултурно здружение „Вешта жена“ со посетата и активностите кои ги преземаа за дечињата со попреченост во развојот, со тоа што допринесоа денеска тие да бидат израдувани, посебно пред новогодишните празници, се надевам дека овие активности ќе бидат се почести и дека и во нареднат година ќе ги посетуваме овие дечиња“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Вешта жена“ се познати и по натпреварите во готвење кои за жал поради ковид 19 овие 2 години биле стопирани и кои сега се организирале само онлајн.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи