Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.
„За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор“, рече Бесими.
Во неделата, Сојузот на синдикати на Македонија одржа протест, изразувајќи незадоволство од неизгласувањето на законот за прогласување на недела за неработен ден и барајќи зголемување на минималната плата на 18.000 денари и спирално зголемување на сите останати плати.