Започна реконструкцијата на спортската сала во ООУ Никола Карев, а ќе се реконструира и кровот. Проектот чини 9 милиони денари и е финансиран од Министерството за образование и наука.
Проектот опфаќа реновирање на салата, реновирање на тоалетите и промена на целата крoвна конструкција. Тоа ќе значи подобри услови за физичко образование и спорт на учениците и надминување на проблемите предизвикани од старата кровна коснтрукција.
Покрај овој проект реновирањето на подрачното училиште во Борино е уште еден проект во тек од областа на образованието.