Денес за прв пат по 12 години пробно во погон ќе се стави термо електраната Неготино која работи на мазут. За таа цел, по прогласувањето на кризна состојба во енергетиката, АД ЕСМ набави мазут за ставање во погон на овој производствен капацитет од вкупно 180MW.
Пуштањето на термоелектраната ќе биде во две фази, односно најпрво пробно ќе биде пуштен едниот котел со капацитет од 90 MW, а потоа и вториот од 90 MW.
Со ставање во погон на оваа електрана се очекува да се надополни недостигот на струја од домашно производство.