На гала вечерта која се одржа синоќа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2021 година во организација на Џентлмен Магазин.
- Сашко Јовев е Маж на годината за 2021 година;
- Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов;
- Наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија;
- Наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски;
- За Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски;
- За Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија;
- Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот;
- Маж со трајни вредности наградата ја доби музичкит новинар и водител, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, Драган Б. Костиќ;
- Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов;
- Наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче, менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД;
- Специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.