До 14 декември, во нашата држава вкупно се вакцинирани 838 987 граѓани, ревакцинирани се 810 990, а трета доза од вакцината против ковид-19 примиле 86 266 граѓани. Ова значи дека вкупно аплицирани се 1 736 243 дози вакцини, се вели во најновиот извештај на Министерството за здравство.
Овие податоци покажуваат дека со две дози вакцинирани се 48 % од граѓаните, додека 57 % од граѓаните над 40 години се ревакцинирани.
„22 % од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 %. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација“, велат од МЗ.
Оттаму потсетуваат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата, како и дека само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста.