Младиот Кинез, Ванг Сиао Чонг пее безвременски хитови на нашиот Тоше Проески. Тој стана екстра популарен на социјалните мрежи. Во интервју за Сител, Чонг прозборе и на македонски јазик и порача дека многу ја сака Македонија.
„Научив некои работи за Македонија. Знам дека главниот град е Скопје. Тоше е од Крушево и знам дека таму има спомен куќа која многу сакам да ја посетам“, вели Чонг.
Тој кажува дека добил многу реакции од публиката и дека ја чувствува позитивноста и љубовта.
„Има многу реакции. Добив повеќе од 16 илјади лајкови и многу коментари. Така што, веќе ја чувствувам љубовта. После песната „Још увек сањам да смо заједно“ луѓето се многу фини со мене. Вие сте добри луѓе, можам да го забележам тоа. Едвај чекам да дојдам во Македонија“, рече Чонг.
Чонг Ванг, младото момче од Кина кое пее песни од Тоше зборува за Сител
Чонг Ванг, младото момче од Кина кое пее песни од Тоше зборува за Сител
Posted by Сител ТВ on Wednesday, 15 December 2021