Претседателот Стево Пендаровски во однос на прашањето меѓу Скопје и Софија, изјави дека му е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој вели дека историјата не треба да биде единствен канал на кoмуникација меѓу двете држави.
„Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој заговара историјата да не биде единствениот канал преку кој ние како две соседни држави комуницираме. Разговараме за инфраструктура, разговараме за енергетско поврзување, разговараме за економија и за трговска размена, разговараме за европски интеграции, разговараме за човекови слободи и права, разговараме за пандемијата. Меѓутоа, секако не да разговараме за тоа што се случило пред три или пет века. Тоа е модерен пристап кој го поддржувам, се разбира не го поддржувам временскиот рок бидејќи беше најавен за 6 месеци, мислам дека проблемот меѓу нас може да се реши за многу покус временски период“, рече Пендаровски.