Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од косовската претседателка, Вјоса Османи-Садриу.
Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на делегациите на двете земји.
Претседателот Пендаровски ќе разговара и со претседателот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца и со косовскиот премиер Албин Курти.
Во рамки на престојот во Косово, претседателот Пендаровски во Пеќ ќе ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад и припадниците на македонскиот контингент во составот на Мисијата.