ССК: Почитување на конкуренцијата е услов за заштита на сопствениот интегритет

Facebook
Twitter
Email
Print

Сојузот на стопански комори на Македонија најостро реагира и ја осудува изјавата на претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија во која тој служејќи се со неточни информации и неосновани тврдења го нарушува угледот на Сојузот.

Сојузот во годините на неговото постоење преку превземените активности и постигнатите цели се издигна како препознаен партнер за поддршка на сите деловни субјекти кои посветено и одговорно ги поставија своите бизниси и го трасираа патот на нивниот раст и развој. Сите тие во Сојузот гледаат партнер за водење на успешен бизнис кој ги препознава нивните потреби и ги поддржува нивните цели адресирајќи ги до надлежните институции се’ со цел да се најде начин за нивно решавање, што ќе придонесе за економски напредок на општеството.

Сојузот е препознаен партнер и од креаторите на политиките со кои секогаш има искрен однос, изграден врз основ на поддршка на политиките кои креираат подобро деловно опкружување, како и критика кога нивните одлуки негативно го засегаат овој процес. Сојузот има изградено однос на взаемна соработка и доверба и со сите релевантни меѓународни институции и организации од целиот свет со кои одржува редовни консултации и блиска соработка. Воедно им заблагодаруваме на постојните членки на довербата која ни ја даваат, како и на новите кои членки кои секојдневно ни пристапуваат и го даваат својот учинок во целокупното работење на нашата комора како најголема и најрепрезентативна мрежа на микро, малите и средните претпријатија кои претставуваат повеќе од 90% од активните деловни субјекти во земјата. Релативизирање и оспорување на значењето на сродните организации не е во нашите програми и цели кои значат конструктивно учество во напредните процеси на раст и развој.

Бесмислените изјави ни даваат уште поголем поттик и во иднина да докажеме дека сме вистинска конкуренција и претставник на она што значи двигател на модерни и прогресивни економски процеси во целото општество.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи