Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција, повторно побара вонредни парламентарни избори. Мицкоски апелира во февруари или во март следната година да се формира преодна влада, а изборите да се одржат во мај или во јуни.
„Бараме, во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај – јуни, да имаме предвремени парламентарни избори и народот на одлучи за иднината на Македонија“, рече Мицкоски.