Мицкоски: Цената на струјата ќе се зголеми за 30 до 40 %

Facebook
Twitter
Email
Print


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогнозира 30 до 40 % зголемување на цената на струјата.

Мицкоски вели дека енергетска криза е глобална, но ја засега нашата земја, а клучната грешка што, според него, власта ја направила изминатиов период е тоа што го оставила ЕВН Хоум сам да купува струја, наместо во процесот на надополнување на недостигот на струја да биде вклучен ЕСМ.

Во краен случај, одлуката ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), а таа, според Мицкоски, ќе предвидува укинување на евтината дневна струја од 14 до 16 часот попладне, но не и укинување на ноќната евтина струја и таа во недела.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи