Најстудено време во Македонија ова утро е измерено на Попова Шапка и тоа – 8 степени.
Потоа следат, Маврови Анови со -6, Крива Паланка, Тетово и Крушево со -4.
Во Охрид, Прилеп и Дебар се измерени -3 степени, во Претор, Битола, Штип, Виница и Струмица -2, а еден степен под нулата во Берово и Скопје-Зајчев Рид.
Снежна покривка од 53 сантиметри има на Попова Шапка, од 33 сантиметри на Маврови Анови, 17 Пожаране, 14 Крушево.