Вчера во „Рагуза360“ во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2021“ (www.zenanagodinata.mk), во рамките на конференцијата „Жени претприемачи“.
Листа на „Жена на годината 2021“:
Жена на годината – д-р Маја Мојсова Мијовска
Жена менаџер на годината – Ленче Карпузовска
Жена со трајни вредности – Винка Саздова
Странец жена менаџер на годината – Букет Геречи
Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Андреа Илоска Симоноска
Жена со најголеми достигнувања во културата – Регина Икономовска
Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ирена Дишовска
Жена со најголеми достигнувања за општеството – Дина Дума
Жена со најдобар стил – Светлана Црнокрак
Инфлуенсерка на годината – Елена Стефановска
Организатори на „Жена на годината“ се Маркетинг365 и „Касиа евентс“, а настанот е поддржан од Пивара Скопје, Тиквеш, Кариера.мк, Orbico, Империјал тобако, Пеко, Охридски бисер Филеви и др.