Претседателот на Бугарија Румен Радев за време на престојот во Брисел за европското електронско издание Еуроактив изјави дека Република Македонија мора да го промени својот Устав и прашува зошто е толку тешко да се додаде еден, единствен збор – „Бугари“ во Уставот на Македонија.
Радев смета дека дискриминаторскиот третман на македонските Бугари трае со децении и тоа треба да престане. Според него, денес повеќе од 120.000 македонски граѓани имаат и бугарско државјанство.
„Македонските Бугари мора да бидат третирани подеднакво со сите други групи на луѓе споменати во нивниот Устав. Се работи за принципи, а не за преговори. Сакаме да видиме неповратни и одржливи резултати, законски обврзувачки“, рече Радев.