По повод 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески МАНУ издаде 12 тома со критички осврт на неговото творештво кој се правел повеќе години од страна на голем тим на лингвисти и книжевни научници. Академикот Катица Ќулафкова ги провираше овие дела во градската библиотека во Прилеп. Во томовите се опфатени неговата поезијата, проза, препевите, есеите, кирилометодијевистиката, а последните неколку томови биле исклучиво лингвистички, односно ја опфаќале неговата граматиката и прилозите кон современиот македонски јазик.
„Пораката на Блаже Конески е прво дека македонскиот јазик е нашата идеална Татковина или како што кажа тој тотална или целосна Татковина, тоа значи Татковина која што е духовна и која што го обединува македонскиот народ каде и да се наоѓа во светот. Затоа што во македонскиот јазик останува се она што меморирано во колективното паметење, во литературата, во преданието, во митот, во легендата“, истакна Катица Ќулафкова, академик.
Во Библиотеката во Прилеп има 200 дела чиј автор е Блаже Конески. А особено со горди на еден раритен примерок од 1945 година.
„Со наслов „Македонската литература и македонскиот литературен јазик“ кој што сега има и свое ново издание. Значи го чуваме како посебен примерок кој за нас има огромна вредност и за нашите граѓани, особено заради тоа што Блаже Конески е наш сограѓанин“, рече Моника Талеска, директор на градска библиотека во Прилеп „Борка Талески“.
Се посети и родната куќа на Конески во Небрегово, а основното училиште, кое е едно од само 4-те училишта во Македонија кои го носат ова име го одбележа својот патронат.
„Кој е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, виден книжевен, културен и јавен работник. Академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор“, потенцираше Ангелка Баракоска, директор на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.
„Добитник на бројни награди во светот. Поетската мисла на Конески е преведена на многу светски јазици и е најголем амбасадор на македонската книжевност ширум светот“, додаде Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Официјално 12 те тома за Конески МАНУ ќе ги промовира во понеделник.