Почит за партизаните кои од бугарскиот фашистички окупатор беа убиени на 19.12.1942 кај манастирот Прилепец


Со положување на свежо цвеќе на споменикот на загинатите партизани, кај манастирот Свети Никола, во близина на прилепското село Прилепец, организицијата на борци од Прилеп денеска оддаде почит кон ликот и делото на овие наши херои. По повод денешниот празник во манастирот се одржа и Свечена Литургија.

 

На денот на празникот Свети Никола 19.12.1942, македонските борци биле опколени од многубројна бугарска фашистичка војска, при што над манастирот над селото почнуваат херојска борба против бугарските фашисти.

Во двата напади организирани од бугарските фашисти загинале 8 македонски синови, а Киро Нацев – Фетак бил фатен и одведен во касарната во Прилеп, каде подоцна бил сурово мачен и убиен.

Успеале да го пробијат обрачот и да се спасат само тројца партизани: Петар Пепељугоски – Црвениот, Благоја Бошкоски – Дабичот и Петко Велкоски.

Ова се имињата на деветмината македонски борци од Прилепскиот партизански одред „Ѓорче Петров’“, кои ги положија животите за Македонија:

  1. Киро Нацев – Фетак
  2. Борка Спасески – Влачарот, командир на одредот
  3. Стеван Базеркоски – Лански
  4. Стеван Димески – Ништакот
  5. Димче Митрески – Бањарот
  6. Гога Јанкулоски
  7. Трајче Најдоски – Соколе
  8. Бошко Јосифоски
  9. Методија Бошкоски – Ѓурчин

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи