Министерството за правда ја повлече спорната листа на помилувања

Facebook
Twitter
Email
Print


Од Министерството за правда за ДВ потврдуваат дека листата за помилување затвореници е повлечена и процедурата ќе започне од почеток. Затворските управи ќе треба да достават нови предлози за помилување.

 „Оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност. Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза затоа што станува збор за луѓе што се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.

На списокот кој беше објавен во јавноста се наоѓаа 48 лица, за кои затворските управи предложиле делумно или целосно помилување за издржување на казните.  Меѓу предлозите беа и имињата на бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на четиригодишниот Алмир во Куманово.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи