Царовска: Одлучив да не учествувам во новата Влада

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерката за образование Мила Царовска на прашање дали ќе биде дел од новата влада одговори дека нема да биде дел од новата влада на идниот премиер Димитар Ковачевски.

„Јас донесов одлука да не учествувам во новата влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години заедно со мојот тим, навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата како и силата на жените и младите“, одговори Царовска.

Таа е министер за образование од август 2020 година. Претходно го предводеше Министерството за труд и социјала.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи