Шахпаска: Со Законот за недела неработен ден ги унапредуваме правата на работниците

Facebook
Twitter
Email
Print


Собранието вчера го изгласа законот за недела неработен ден. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска во интервју за „Утрински брифинг“ оцени дека со новото законско решение  се унапредуваат работничките права, што е предуслов за мотивиран работник.

„Се радувам што конечно по една година разговори со сите засегнати страни донесовме законско решение со кое ги унапредуваме работничките права. Дури 92 % вработени нема да работат во недела. Исклучоци има во 41 област кои се од суштинска важност за да функционира државата нормално. Рабтниците кои ќе бидат ангажирани во недела ќе добиваат 50 % поголема дневница. Работниците се наш капитал и треба да ги унапредуваме. Треба да имаат баланс меѓу приватниот и работниот живот. Законот ги помина сите филтри што ги засега овој закон“, вели Шахпаска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи