10-ти Декември – Меѓународен ден на човековите права!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп  активно работи на територијата на Општина Прилеп и соседните општини Кривогаштани, Долнени и Мариовскиот регион во насока на овозможување на едукација и правна помош на граѓаните за остварување и заштита на човековите права со фокус кон ранливите и маргинализирани групи.

На денешен ден, Генералното Собрание на Обедидетите нации ја донесе Универзалната декларација за човековите права, а пред 50 години ги усвои Меѓународниот пакт за заштита  економските, социјалните и културните права и Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права.

„Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштoчoвeчкaтa припaднoст…“

Декларацијата е создадена во  периодот по Втората светска војна и означува прво глобално изразување на основни права на сите човечки суштества. Декларацијата се состои од 30 члена кои се вклучени во подоцнежни меѓународни договори, регионални инструменти за човекови права, национални устави и закони, а во неа се вградени Универзалната декларација за човекови права, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и неговите два факултативни протоколи.

Во 1966 година донесени се два детални пакта од Генералното собрание, кои ја комплетираат Меѓународната повелба за човекови права во 1976 година, со што Повелбата станува меѓународен закон, а денот на донесувањето на Декларацијата се воспоставува како ден со кој ќе се одбележуваат човековите права на глобално ниво.

Фундаменталните постулати врз кои се заснова Универзалната декларација за човековите права укажуваат на фактот дека слободите и правата се дадени за сите, секаде во светот, во секое време и место. Денес овие меѓународни акти се составен дел од уставниот поредок на нашата држава.

Меѓу другото, во Декларацијата  се пропишува дека секој има право на правата и слободите објавени во неа, без разлика на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, религијата, политичкото или друг вид на убедување, националното или социјалното потекло, имотот, раѓањето или друго.

„Секој има право на живот, слобода и сигурност на личноста и сите луѓе се исти пред законот и имаат право на еднаква законска заштита. Сите имаат право на еднаква заштита од секаков вид дискриминација…“

Секој кој е обвинет за казниво дејствување има право да важи за невин сè додека неговата вина не биде докажана во јавна постапка во согласност со законот, при што ги добива сите гаранции нужни за неговата одбрана.

Никој не смее да биде казнет за дејство или потфат кои во времето на неговото изведување не претставувале казниви дела според националното и меѓународното право. Исто така, не смее да биде изречена потешка казна од онаа што се заканува во моментот на изведување на казнивото дело.

СТАНИЦА П.Е.Т. во текот на својата работа се залага за остварување и заштита на човековите права, а водени од мисијата да се остварат правните потреби на граѓаните преку поттикнување на отвореност и соработка со институциите, се цели кон визијата за овозможување пристап до правда за секој граѓанин. Заложбите продолжуваат под мотото “Ако правото не е достапно за сите, тогаш и правдата не е достапна за сите. А ако правдата не е достапна за сите, таа не е право туку привилегија!“

Автор: СТАНИЦА П.Е.Т.  ПРИЛЕП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи