Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата вредна 11 106 501 евро (во движен и недвижен имот), па екс директорот на УБК Сашо Мијалов излегува од притвор, потврдија од второстепениот суд за „360 степени“.
Била прифатена жалбата на Мијалков и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.
128