Градоначалникот Јовчески избран за член на Надзорниот одбор на ЗЕЛС

Во текот на вчерашниот ден градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески присуствуваше на конститутивната седница на ЗЕЛС, како делегат на Генералното Собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Едногласно беше избрана градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска за претседател на ЗЕЛС, заедница која што ги обединува сите 81 општина во Македонија.

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески го честиташе изборот за претседател на Данела и  истакна дека сите заедно ќе ги исполниме зацртаните цели кои во целост ќе ги застапуваат интересите на граѓаните. Новиот претседател на ЗЕЛС, порача декаглавна цел во наредниот четиригодишен мандат ќе биде интензивирање на процесот на децентрализација и обезбедување зголемена финансиска стабилност и независност на сите општини.

Градоначалникот Јовчески вчера на социјалните медиуми се заблагодари на честа што беше избран за член на Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

„Секогаш во интерес на граѓаните, заедно продолжуваме кон реализирање на проектите“, напиша Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи