Планинарскиот дом „Дервен“, мотелот „Езеро“, хотел „Липа“, Работнички универзитет „Пере Тошев“, училиштето во Сточен пазар, новата катна гаража се само дел од прилепските руини, дел во државна, дел во приватна, а дел во недефинирана сопственост кои наликуваат на сцени како од вистински хорор филм.
Поголем дел од нив се наоѓаат во строгиот центар на Прилеп. Овие објекти се оставени буквално без никаква грижа од никого, а претставуваат дури и опасност за граѓаните кои поминуваат покрај нив. Погледнете во каква состојба се наоѓаат тие и се надеваме дека некој после оваа емисија ќе преземе нешто.