Собранието ја констатираше оставката: Заев е поранешен премиер

Facebook
Twitter
Email
Print


Собранието ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, со што во оставка е и целата влада. Владата останува на должност до изборот на нова влада. И покрај инсистирањето на опозицијата, која имаше забелешка дека досега имало само осум седници за пратенички прашања, не се одржа закажаната седница на која пратениците требаше да им поставуваат прашања на членовите на Владата.

„Владата е во оставка, течат уставните рокови за избор на нова Влада“, вели собранискиот спикер Талат Џафери.

Со тоа од денеска почнуваат да течат роковите од 10 дена во кои шефот на државата треба да му го даде мандатот за формирање влада на новиот мандатар и од 20 дена во кои тој би требало да ги состави списокот на министри и програмата на владата и да ги испрати во Собранието.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи