Што претставува Европскиот Солидарен Корпус за мене?

Европскиот Солидарен Корпус (ESC) е искуство за волонтирање во странство, финансиран од Европската комисија и им овозможува на младите луѓе, на возраст од 17 до 30 години кои се законски жители во Европа, да имаат искуство како меѓународни волонтери во јавна организација или институција во Европа, Африка, Азија или Јужна Америка за период од 2 недели до 12 месеци. Програмата е слична со  граѓанската служба во странство затоа што опфаќа дел од патните трошоци. Волонтерите имаат храна и сместување во целиот период на нивното волонтирање. Благодарение на меѓукултурната димензија и неформалните методи за учење, Европскиот Солидарен Корпус е единствена можност да стапите во контакт со други култури и да се стекнете со нови капацитети и вештини за личен и професионален развој.

Европскиот Солидарен Корпус се базира на следниве принципи:

  • Зголемен капацитет преку практично искуство со волонтерство во странство
  • Поттик за да научите нов јазик
  • Развивој на чувство за интеракција со луѓе од други земји и култури
  • Ширење толеранција кај младите Европејци
  • Промоција на активно граѓанство
  • Поддршка за развој на локалната заедница

Европскиот Солидарен Корпус не е стажирање во бизнис, хуманитарна или непрофитна организација, празник или работа.

Европскиот Солидарен Корпус предлага проекти во различни области: култура, млади, социјална помош за постари лица, имигранти – луѓе на кои им е ограничена мобилноста, слободно време, наследство, уметност, медиуми и комуникација, заштита на животната средина, образование, рурален развој и меѓународна соработка.

Европскиот Солидарен Корпус се заснова на тесна соработка помеѓу три клучни актери: организацијата за испраќање, хостинг организацијата и волонтерот.

Организацијата за испраќање е одговорна да го подготви волонтерот пред неговото заминување, да му пружи поддршка во текот на неговиот престој во странство и по неговото враќање. Волонтерот најчесто работи 5 до 7 часа на ден, или вкупно 30 до 40 часа неделно и има два дена одмор месечно. Тој мора да учествува на обука пред заминување, при пристигнување и на средината од проектот на неговото волонтерство. Преку договор за активности волонтерот се обврзува на задачите што треба да се извршат во рамките на организацијата каде што волонтира.

За мене, Европскиот Солидарен Корпус е вистинска можност што сите млади луѓе треба да ја искористат преку волонтерска мисија во странство, додека се уште се во границите на годините кои ја овозможуваат! Тоа е можност и вистинска шанса да учествуваат во мисија која може да им донесе толку многу знаење и искуство, без разлика од која област. Овие волонтерски мисии можат да ги збогатат младите со знаење и искуство, да им помогнат да се стекнат со автономија и одговорност. Волонтерството е начин да им се отворат очите за светот преку откривање на друга земја богата со свои култури, навики, јазик и обичаи! Овие волонтерски мисии, исто така, може да им овозможат на младите и развој на професионално ниво во одредена област. Не се двоумете да ја искористите можноста за волонтерска активност!

Автор: Алексадар Торк, волонтер во Коалиција СЕГА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи