Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021, со 50 до 100 отсто повисоки комуналии

Facebook
Twitter
Email
Print


Владата го усвои новиот закон за легализација на дивоградбите и ќе го достави пред пратениците. Според него, ќе можат да се легализират дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година.

Нема да може да се легализираат објекти во заштитен појас на охридско крајбрежје и тие кои не се во догласност со Унеско, како и повеќе други објекти.

Дивоградбите изградени во Маврово, Попова Шапка, Матка и на поширокото охридското крајбрежје ќе можат да се легализираат. Во овие подрачја веќе има повеќе од 200 дивоградби, во најголем дел викендици. Легализација на објекти ќе нема само во строго заштитено подрачје, тврди министерот Нуредини.

„Ќе можат да се легализираат тие коишто се во зона за одржливо користење и заштитениот појас на подрачјето. Нормално дека Попова Шапка е во заштитениот појас бидејќи ние имаме студии со кои ќе се развие Попова Шапка да биде еден ски-центар и да имаме добра инфраструктура таму за туризмот. Тоа е на општина Тетово и тие треба да информираат колку дивоградби има таму и тие ќе можат да се легализираат“, рече Насер Нуредини – Министер за животна средина.

Сопствениците ќе може да поднесат барање за легализација во рок од шест месеци откако законот би бил изгласан во Парламентот.

Предлог законот предвидува 50 % казна за објекти до 80 квадрати, а тие над 80 квадрати ќе плаќаат 100 % пенали.

Истовремено, лицата со приход до 180.000 ден нема да плаќаат надоместок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи