Документи со препораки: Право на младински додаток – информирај се за своите работнички права

Оваа година нашиот фокус е ставен кон подобрување на активните мерки за младинско вработување во форма на препораки кои се релевантни на барањата и потребите на младите, кои имаат за цел подобрување на квалитетот на постојните политики и мерки кои се спроведуваат за вработување на младите, а се во насока на нивна ефективност во услови на пандемија.

Во прилог на оваа порака е Документот со препораки кој е креиран како резултат на националната кампања „Право на младински додаток – Информирај се за твоите работнички права“ која се спроведува во периодот август – декември 2021 година од страна на Коалиција СЕГА. Целта на кампањата е да се потенцира важноста на Законот за младински додаток преку информирање на младите и работодавачите за придобивките, како и да придонесе кон негова подобра примена.

Во согласност со позицијата утврдена со овој документ, Коалиција на младински организации СЕГА ги повикува надлежните институции во полето на младинско вработување и младински политики да ги вградат препораките од младите и бизнис секторот во насока на можноста која ја овозможува оваа мерка, која е од значајна улога врз севкупните економски односи, економски раст и развој на претпријатијата на национално ниво, како и можност претпријатијата да ја зголемат својата одржливост. Од друга страна преку оваа мерка би се зголемило вклучувањето на младите во пазарот на трудот, младите би биле информирани за поволностите од субвенциите и поддршката која ја добиваат од државата, како и за нивните права и обврски.

Документот може да го погледнете тука: Dokument so preporaki – Pravo na mladinski dodatok – SEGA.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи