Заштити ја животната средина – едукативен караван!

Правото на здрава животна средина е универзално загарантирано право на секој човек. Сепак, сведоци сме на неизбежни климатски промени кои се случуваат глобално како последица на непоправливите нарушувања и штети кои се направени врз животната средина. Но, како и за многу други нарушувања во балансот, ниту последиците од климатските промени нема да ги сносат сите граѓани подеднакво. Оттука, потребно е посебен фокус да се стави на климатската правда, која гледа на климатската криза низ призмата на човековите права и на верувањето дека со заедничка работа можеме да создадеме подобра иднина за сегашните и идните генерации.

Едни од најмаргинализираните групи на граѓани кои живеат во нашата држава, а особено во Пелагонискиот регион се Ромите и лицата од руралните средини. Бројни фактори низ годините придонеле овие граѓани да бидат и најизложени на ризиците од климатските промени, а од друга страна да бидат најмалку во можност да се изборат за климатска правда.

За таа цел, СТАНИЦА П.Е.Т. во период од 20 – 24 декември 2021 година реализираше 5 (пет) дневен едукативен караван со граѓаните и институциите под наслов „Заштити ја животната средина“ во Општина Кривогаштани (с.Обршани, с.Воѓани и с.Кривогаштани) и Општина Прилеп (нас.Тризла и во центарот на градот), со цел споделување информации и промотивни материјали со граѓаните и институциите од двете општини заради истакнување на важноста од одржување на здрава животна средина.

Преку едукативниот караван и дистрибуцијата на промотивниот материјал беа опфатени околу 500 граѓани од двете општини и се нагласи потребата и важноста од одржување на животната средина, преземање на акции за безбедна и здрава животна средина, како и важноста од зачувување на животната средина, преку заеднички напори кои генерираат заеднички бенефит.

*Едукативниот караван е дел од проектот: „Климатска правда за маргинализираните граѓани“, кој го имплементира Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. со поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија во насока на овозможување на пристап до климатска правда за граѓани од маргинализирани заедници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи