Денеска треба да заседава Централниот одбор (ЦО) на СДСМ, што ќе биде прва седница по изборот на новиот партиски лидер Димитар Ковачевски, а на која се очекува тој да биде потврден и за мандатар за формирање нова влада.
Ковачевски претходно најави дека во актуелниот состав на ЦО ќе добие нови членови.
Очекувањата се и дека ЦО ќе избере и ново партиско раководство, што би значело нов состав на Извршниот одбор, како и нови потпретседатели и секретари на партијата.
Социјалдемократите очекуваат промените во раководство на партијата да донесат нова енергија, свежина, реструктуирање и раздвижување во партијата.
110