Излезе од печат „Стремеж 2“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Новиот број на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ 2 за 2021 излезе од печат.

Во рубриката Проза читателите можат да го прочитаат расказот „Стар коњак“ на Влада Урошевиќ и расказот „Коњак Ѕамбало*“ на Венко Андоновски кои се во многу интересен тематски спој, а исто така и кусите прози „Трактат за љубовта“ на Тихомир Јанчовски, „Исто или не“ на Габриела Стојаноска-Станоеска, како и извадокот од необјавениот роман „Потклек“ на Љупчо Петрески.

Во рубриката Поезија во вториот број на „Стремеж“ за 2021 година се објавени нови песни од Ерол Туфан, Виолета Танчева-Златева, Митко Гогов, Слаѓана Атанасова и хаику поезија од Васко Марковски.

Во рубриката Препеви, преводи застапена е поезија од швајцарската писателка Илма Ракуза во препев на Никола Маџиров, песни од турскиот поет Зафер Јалчинпинар во препев на Филиз Мехметоглу и извадок од романот „Под површината“ на полската писателка Едита Њевинска преведен од полски на македонски од Звонко Димоски.

Рубриката Критики, есеи, студии ги содржи освртите на Лидија Капушевска-Дракулевска за романот „Лебед“ од Ана Стојаноска, на Марија Ѓорѓиева-Димова за романот „Скриени желби, далечни патувања“ од Владимир Јанковски, на Фросина Пармаковска за романот „Трамонтана“ од Наташа Сарџоска, како и рецензиите на Сузана Ѓорѓиевска „Пет куси-куси критики за пет прилепски автора (Љубица Трајкоска, Божана Тренческа, Тони Павлески, Габриела Стојаноска-Станоеска и Љупчо Петрески). Во оваа рубрика поместени се и текстовите на Тодорка Балова и Иван Антоновски посветени на Блаже Конески и неговaта поезија.

Рубриката Театар преку фрагменот „Могила“ го промовира драмскиот текст „Рокеришта“ на Сашо Блажески.

Во рубриката Ликовна уметност Каролина Мицеска се осврнува на творештвото на акварелистот Илија Миноски во текстот „Миноски-творец на мигот“.

Последната рубрика IN MEMORIAM е потсетување на песните, животот и делото на литературниот критичар, теоретичар и писател Атанас Вангелов, а го содржи и текстот на Иван Антоновски „Слово за професорот Вангелов“.

Списанието „Стремеж“ го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи