ЦГК: Јавните набавки со низа слабости, е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција

Facebook
Twitter
Email
Print


Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година, за кој велат дека покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите.

„Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 % од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите“, се дел од клучните наоди од мониторингот.

Понатаму, велат од ЦГК,  постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата. На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда.

„Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 %. Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра“, забележуваат од Центарот.

Според ЦГК, овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи