Министерството за здравство информира дека вчера на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара.
Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.
33-годишен тетовец е пушачот кој можел да ја крене Клиниката за пулмологија воздух откако ја извадил маската за кислородна поддршка и запалил цигара, дознава Телма.
Mинистерот Венко Филипче за инцидентот вели дека трагедијата се спречила бидејќи за среќа имало луѓе во близина кои брзо интервенирале.
„Ова е нешто што ни укажува дека сите ние сме одговорни. Имало пациент кој го извадил кислородот и запалил цигара. За среќа, имало луѓе блиску кои интервенирале и се спречила трагедија. Секој од нас треба да биде одговорен во однос на своите постапки“, вели Филипче.