УХМР: Температурите над просекот за овој период, прогноза за највисока дневна температура за првиот ден од 2022, до 17 °C

Facebook
Twitter
Email
Print


Значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини ќе преовладува во наредните два дена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Повремен локален дожд ќе има в среда, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и сè  потопло.

Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од 2022 година, до 17 степени.

Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка, најави УХМР.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи