Од јануари со работа започнува и вториот котел на ТЕЦ Неготино

Facebook
Twitter
Email
Print

Во јануари ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино, како и третиот блок во РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Константно снабдување со јаглен е обезбедено со домашен ископ и со увоз од Косово, а во јануари ќе има нов тендер за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино за да се обезбеди непречено функционирање на комбинатот.

Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза без рестрикции, вложувајќи напори да се избегнат ситуациите кои веќе се случуваат во околните земји во однос на снабдувањето со електрична енергија.

ТЕЦ Неготивно непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември и работи со половина капацитет, односно со еден котел со цел прилагодување и стабилизирање на системот по повеќегодишната пауза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи