Отворен конзулатот на Малта во Македонија, Кочо Анѓушев е именуван за почесен конзул

Facebook
Twitter
Email
Print


Денеска, 28 декември 2021 година, во Скопје официјално е отворен конзулатот на Република Малта во Република Македонија. Честа да ја претставува Малта во нашата земја му е доверена на Кочо Анѓушев, кој е именуван за почесен конзул со указ на претседателот на Република Малта, Џорџ Вела од 5 октомври годинава.

Именувањето на Анѓушев е одобрено од Владата на Република Малта, а соодветни одобрувања се дадени и од страна на македонската Влада.

„Ќе ми претставува особена чест и задоволство да бидам почесен конзул во нашата држава на Малта која е членка на Европската Унија. Малта, иако мала со околу 460 илјади население, таа е економски високоразвиена земја од која имаме многу да научиме. Соработката и трговската размена со Малта е на многу ниско ниво и ќе ми биде предизвик да работам на зголемување на пред се’ економските активности, создавајќи конекции на малтешки стопанственици со нашата држава и да видиме колку производи може да пласираме од кај нас во Малта”, истакна Анѓушев.

Република Малта е држава лоцирана во средишниот дел од Средоземното Море, економски високоразвиена со годишен бруто домашен производ од над 39 илјади долари по глава на жител. Најразвиени сектори се банкарскиот, ИТ секторот, како и туризмот.

Најголем потенцијал за трговска размена меѓу нашата држава и Малта се гледа во извоз на земјоделски производи од нашата држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи